Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи повеќе во северозападните делови од земјава.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 27 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до осум, и со дневна температура до 24 степени.