ВИДЕО: Пазарниот инспекторат ќе стражари во Охрид и Маврово за новогодишната ноќ

Од:

Секаде ќе има контроли, тоа ви гарантирам, вели директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, одговарајќи на прашањето дали ќе се контролира состојбата во Охрид и Маврово за новогодишните празници.

„Во секој град имаме одделенија каде што имаме и вработени инспектори, секаде имаме дежурни екипи кои заедно со полицијата ќе делуваат таму каде што има неправилности и непочитување на протоколите, пречекорување на работно време и групирања“, вели Пауновски.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли и на 31 декември и први јануари.

Пауновски вели дека во најголем дел, инспекторите самите одредуваат места за контрола, но им се заблагодари и на совесните граѓани кои ги пријавуваат прекршителите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид