Сексуалните работници се жалат дека владата ги заборавила за време на пандемијата

Од:

Сексуалните работници останаа повторно на маргините, за време на кризата со Ковид-19, останавме исклучени од сите мерки за помош, ги редуциравме нашите услуги за да редуцираме ширење на вирусот, а за возврат добивме социјална шлаканица, соопштија денеска од колективот СТАР – прв колектив на сексуални работници на Балканот.

Од колективот алармираат дека, поради ковид кризата, повеќе од половина од сексуалните работници имаат проблем со плаќањето наменина, додека повеќе од третина се соочуваат со тешкотии во пристапот до здравствени услуги. Сметаат дека државата може да им понуди помош и поддршка во период кога и тие еднакво се засегнати од ковид-пандемијата, како и сите останати работници и родители.

– Бараме Владата да формулира пакет социоекономски мерки со цел таргетирана поддршка во нашата заедница, да ни се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, да бидеме вклучени во процесите на креирање политика за време на пандемијата, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на дискриминацијата и неправдата која е присутна во нашата заедница од повеќе аспекти, информираат од СТАР.

Проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници во време на пандемија, беа истакнати на денешното излагање со кое под мотото „НИЕ“, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и нивните поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, и оваа година, по 13-ти пат, се приклучија кон глобалното одбележување на 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Оваа година, сексуалните работници се откажаа од марширањето со црвени чадори со цел спречување на ширење на ковид вирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Црвените чадори маршираа во Скопје: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

ХОПС: За време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници не се случија инциденти

А1он

Меѓународен ден на сексуалните работници: „Ние сме осудувачко општество, кое не прифаќа различности“

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Дајте вакцини, и ние сме приоритетна група“, протестираат бразилски сексуални работнички

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска