Почеток на кампања за животна средина „Разбистри сé“

Од:

Од денеска почнува кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé“, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на платформата Зум.

Кампањата „Разбистри сé“, која ќе трае во текот на следната година, ќе се фокусира на управувањето со водните ресурси (како да се користи и заштити водата) и на инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почва и вода).

„Разбистри сé“, како што соопштија од Институтот за комуникациски студии, има за цел да се подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики.

Кампањата се реализира како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Како што е најавено, на денешната прес – конференција ќе биде промовирана Алијансата за застапување и лобирање, која ја сочинуваат граѓански организации, факултети и медиуми, а со чија поддршка и заеднички активности ќе се реализира кампањата.

Ќе бидат презентирани и двата документа за јавни политики „Како да ја користиме и заштитиме водата“ и „Со ефективен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси“. Документите содржат податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со водите и инспекцискиот надзор врз природните ресурси и нудат конкретни решенија.

Во соопштението од Институтот за комуникациски студии стои дека на прес конференцијата ќе говорат британската амбасадорка Рејчел Галовеј, директорката на ИКС Жанета Трајкоска и дел од авторите на документите за јавна политика – проф. д-р Билјана Пулевска Јанушевска и м-р Кристина Најдовска Илиевски.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари