Неколку илјади француски уметници денеска протестираа пред затворените театри, настапувајќи и барајќи од владата да им дозволи да работат. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека театрите може повторно да се отворат од 15 декември, но тоа сепак не се случи, поради влошувањето на епидемиолошката состојба.
Демонстрантите продефилираа крај затворената оперска куќа во центарот на Париз со џиновски танцувачки кукли, тапани и труби, со цел да го свртат вниманието на суштинската важност на културата, дури и за време на пандемија.
-Културата е дел од човештвото, од она што не дефинира, рече Маурисио, учесник на протестот кој носеше триметарска кукла на рамениците.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека театрите може повторно да се отворат од 15 декември, но тоа беше променето поради влошувањето на епидемиолошката состојба.
Британските медиуми најавуваат дека новиот планиран датум за повторно отворање на културните институции сега е јануари.