Во финалето на францускиот куп вечерва на „Сент Дени“ во Париз ќе играат екипите на Бордо и на Евиан. За тимот на Бордо ова ќе биде 10-то финале, а трофејот го има освоено трипати.
Последните две победи му се: 1986 и 1987 година, додека првиот куп го освои далечната 1941 година.
За екипата на Евиан пласманот во финалето е најголемиот клубски успех особено ако се знае дека клубот е формиран 2007 година.
Оваа сезона Евиан во последното коло избори опстанок во француската Лига 1.
Почетокот на финалето е во 21 часот. Најуспешна екипа во ова натпреварување е Олимпик Марсеј со 10 освоени пехари.