Гомез побара да биде ослободен бесплатно од Аталанта

Од:

Капитенот на Аталанта, Алехандро Гомез е решен да го напушти тимот. Тој побара клубот да го пушти бесплатно да си оди во најблискиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

Претходно, во печатот се појавија информации за неговиот конфликт со тренерот Џанпјеро Гасперини.

Триесет и двегодишниот Аргентинец предвреме го напушти последниот тренинг на тимот.

Гомез играше во Аталанта последните шест години. Неговиот договор со тимот трае до летото 2022 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 15 милиони евра.

Напаѓачот оваа сезона одигра 15 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања и има постигнато пет погодоци и четири асистенции.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска