Британските власти се загрижени поради порастот на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 во Лондон при тоа истакнувајќи оти најверојатно во следните денови во главниот град ќе се прогласи трето, највисоко ниво на ризик и ограничувања во Англија.
Според Би-Би-Си, најверојатно уште денеска ќе се разговара за заострување на мерките против новиот коронавирус во Лондон.
Исто така серазгледува можноста да се прогласи трето ниво на ризик и ограничувања во Есекс.
Изминатите неколку недели во некои области во и околу Лондон регистрирано е зголемување за 71 процент на новозаболени лица.