Екипата на Рома денес ја совлада Болоња со 5:1 во 11. коло од Серија А. Петтиот погодок за Римјаните беше дело на Хенрих Мхитаријан.
Ова е седми погодок на ерменскиот играч за врска на последните осум натпревари на „римската волчица“ на сите натпреварувања.
Во Серија А оваа сезона Мхитаријан постигна шест гола на 11 натпревари, додека во Лигата на Европа, Ерменецот постигна еден гол. Тој е најдобар стрелец за римскиот тим во тековната сезона.