Серија А: Јувентус се искачи на четвртата позиција

Од:

Бранителот на шампионскиот трофеј во Серија А, тимот на Јувентус, ја забележа шестата победа и се искачи на 4. место на табелата со 23 бода. Предводени од Кристијано Роналдо „бјанко-нерите“ вечерва ја совладаа Џенова со 3:1.

Роналдо постигна два гола, двата од пенал, претходно погоди Паоло Дибала. Голот за Џенова го постигна Стефано Стураро.

За домашниот тим, последните десетина минути ги одигра Горан Пандев.

Џенова досега има само една победа, три нерешени и дури седум порази и е на претпоследното место со шест бодови.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска