Кина: Не крадеме дизајн на оружје од САД

Од:

Кинеското министерство за одбрана го отфрли како смешен извештајот на САД, во кој тврдат дека кински хакери го украле дизајнот на повеќе од 20 големи американски системи за оружје.

„Вашингтон пост“ објави извештај на американскиот Научен одбор за одбрана, во кој наведе дека помеѓу останатото е украден дизај за бомбардери и воени бродови, како и антиракетна одбрана која што е клучна за Европа, Азија и Персијскиот залив.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Генг Јаншенг го отфрли извештајот за кој официјални лица од Пентагон и други американски воени лица тврдат дека застарел, пренесе „Ројтерс“.

-Кина има капацитет да произведува оружје кое што е потребно за национална безбедност-истакна Генг.

Американскиот претеседател Барак Обама ќе разговара за безбедноста на интернетот со кинескиот претседател Сијем Џинпинг, во текот на состанокот во Калифорнија идната недела, бидејќи Вашингтон е загрижен за кинеските хакерски напади врз американската воена мрежа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција