Почнувајќи од утре па во наредните седум дена, можни се прекини во достапноста на податоците од мерењата на одредени загадувачки параметри, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Оттаму информираат дека причината е инсталација на нови мерни инструменти за мерење во Автоматските мерни станици за квалитет на амбиентен воздух.