Ќучук: Скопје и Софија да се вратат на темелите на Договорот за добрососедство

Од:

Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на „заедничкото“, а не да чекаат да дојде март, смета европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

– За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство. Довербата во договорот е нарушена, изјави Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, во овој момент не е потребно никакво „националистичко шоу“ и „натпревар во национализам“, затоа што, како што вели, еден национализам сам по себе создава друг национализам.

Ќучук смета дека „пореална опција“ е да се направи „добра подготовка во следните шест месеци“, во очекување на словенечкото претседателство со ЕУ, кое ќе следи по португалското.

– Проблемот е јасен – од една страна гледаме цврста позиција од страна на Софија, во која се вели дека има проблем со идентитетот. Од друга страна, гледаме уште поцврста позиција на Скопје дека нема да отстапат од својот идентитет, вели Ќучук.

Според него, ќе беше многу подобро прашањето за „политичката кочница“ Бугарија да го кажеше уште во март годинава, кога ЕУ даде зелено светло за старт на преговорите со Северна Македонија.

– Тогаш бевме искрено среќни. Но, подобро ќе беше тогаш да беше покрената темата со политичката кочница, а не да се чекаат следните 8-9 месеци и да се изнесе радикално спротивставен став, изјави Ќучук, според кого, сегашната позицијата на Бугарија е несфатлива.

Тој наведува дека додека земјава ги објаснува своите позиции во медиумите, преку дипломатски канали и преку интелектуалци кои ја знаат историјата на Балканот, Бугарија поаѓајќи од фактот дека е членка на ЕУ, зазема пасивна позиција на надворешен план, а од друга страна „доста гласно“ изнесува ставови кои се пред се за „чисто домашна политичка употреба“.

Би можело да ве интересира

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски