За претседателот плачко и новинарите кои не поставуваат прашања

Од:

Претседателот Иванов го откажа самитот на шефови на држави и влади од Југоисточна Европа, кој требаше да се одржи во Охрид на 1 и 2.06.2013 год.

Не знам што повеќе ме изнервира: Ѓорѓе плачкото или новинарите кои го пренесуваат.

Во сите медиуми е пренесена патетичната изјава на кутрото човече кое диктатурата на власт ни го наметна за претседател на државата. Се спомнува откажувањето на неколку претседатели. И толку. Во ниту еден медиум нема ниту минимална информација за тоа што претставува воопшто оваа регионална структура, кој членува во нејзе, како се одржуваат и организираат средбите и дали Иванов навистина смеел да го откаже туку така самитот или е ова уште еден од бројните смешни и трагични гафови на морончето во претседателската фотелја?

  1. Процесот за соработка во Југо-Источна Европа е форум за дипломатски и политички дијалог
  2. Во него членуваат 12 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора.
  3.  Работата се одвива на неколку нивоа:

–        Годишни состаноци на шефови на држави или влади

–        Годишни состаноци на министри за надворешни работи

–        Секторски средби на министри

–        Средби на политички директори од министерствата за надворешни работи

–        Годишни средби на претседатели на парламенти

4. На ниту една од средбите не присуствувале сите претседатели на држави или влади. Важно е да присуствува земјата на некое (приближно соодветно ниво). На пример на самитот во Црна Гора одржан во 2011 год. присуствувале и претседатели и премиери и претседатели на парламентарни собранија и министри за надворешни работи и државни секретари. Всушност присуствувале само 5 претседатели на држави.

Прашањата што треба да се постават се:

– Колку претседатели на држави/влади најавиле присуство?
– Дали тие кои не присуствуваат на ниво на претседател дале соодветна замена?
– Со кое право се откажува самитот (не е ова маалски фудбал па сега си играм сега не си играм)?
– Во случај на откажување, што станува со останатите кои потврдиле присуство?
– Што станува со целиот процес ако секој претседател си откажува самит затоа што не го играат другарчињата кои тој сака да го играат?
– Ако имало откажувања, дали не треба да се побара нечија одговорност внатре во државата, а не да се плаче и цимолка наоколу?

Мирјана Најчевска
Квадратура на кругот

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска