За седум дена инспекциксите служби извршија 4.635 контроли, да се почитуваат протоколите

Од:

Вкупно 4.635 контроли и надзори извршиле шесте инспекциски служби во периодот од 30 ноември до 6 декември годинава. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршиле вкупно 3.129 контроли и 490 вонредни инспекциски надзори, од кои најголемиот број се поврзани со почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти и кафетерии.

Како што соопшти денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, врз основа на извршените контроли во различни видови на субјкети од страна на пазарните инспектори изречени се 30 прекршочни пријави и по 44 решенија и прекршочни платни налози врз основа на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат.

– Врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести пазарните инспектори донесоа четири решенија за забрана за работа на четири угостителски објектии, и тоа три во Скопје и еден во Гостивар, во кој констатирале дека не се почитува протоколот, во смисла дека работеле по 21 часот и со повеќе гости на маса отколку што е дозволено. За овие правни лица и за одговорите лица изречени се и соодетни прекршочни платни налози, рече Филиповска Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд, како што рече, во текот на минатата недела реализираше 489 надзори кај работодавачи при што се донесени 18 решенија за констатирани неправилности од областа на работните односи. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести во пет случаи се констатирани минимални прекршувања на протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што инспекторите изрекле соодветна мерка – опомена.

Во истиот овој период, Државниот инспекторат за транспорт извршил 52 надзори при што за утврдените неправилности се изречени две прекршочни пријави, две решенија и три прекшочни платни налози согласно материјалните закони. Од двете прекршочни пријави, една прекршочна пријава е поднесена поради непочитување на Законот за заштиа на население од заразни болести, или поконкретно за непочитување на протоколот за меѓународен превоз за патници на граничниот премин Деве Баир.

– Државниот здравствен и станитарен инспекторат (ДЗСИ) покрај активностите поврзани за издавање на 12.294 решенија за самоизолација на заболени лица од коронавирусот, како и лица коишто биле во контакт со заболено лице, спроведе и вкупно 92 надзори во субјекти од нивна надлежност во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал, за прием и постапување со инфицирани пациенти со коронавирус при што донесени се 16 решенија за констатирани неправилности, рече Филиповска Грашкоска.

Агенцијата за лекови, пак, во периодот од седум дена извршила 25 надзори во однос на проверка на податоци за формирани цени на заштитни средства од коронавирус, при што не се констатирани одредени неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство во истиот период спровела 318 надзори во повеќе градови низ дражвата, во маркети, угостителски објекти, месарници и производствени објекти, врз основа на Законот за заштита на населението од заразни боелсти и Законот за безбедност на храна. При овие надзори констатирани се неправилности, во однос на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи за што се донесени пет решенија и извршени 19 едукации.

Државниот инспекторат за животна средина минатата недела спровел 40 надзори, согласно материјалните закони од областа на животната средина. Притоа за констатираните неправилности изречени се две прекршочни пријави за незаконско црпење песок и чакал од речно корито и 15 решенија кои главо се однесуваат на задолжување за мерење на емисиите во возудхот од страна на акредитирана лабораторија.

– Свесни сме дека општествената битка против коронавирусот продолжува, таа не смее да застане ниту еден момент, а инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на ковид протоколите. Тоа значи дека инспекциските служби имаат и ќе продлжат со интензивни активности на територијата на цела држава. Многу е важно стопанствениците максимално да ги почитуваат донесените протоколи за работа, а уште поважан е свесноста на граѓаните кои исто така треба да реагираат и да пријавуваат во случај на непочитување на протоколите од страна на правните лица, но и да ги применуваат мерките за самозаштита, истакна Филиповска Грашкоска.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска