Во Бразил најголем број новозаразени од август

Од:

Во Бразил се регистрирани 53.453 новозаразени лица, што е најголем број на нови случаи на коронавирусот регистрирани за еден ден од средината на август, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек починале уште 836 пациенти.

Оваа јужноамериканска земја регистрира повеќе од 6,7 милиони заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата и е на третото место во светот по бројот на заразени лица.

Со речиси 179 илјади починати, според официјалните податоци, Бразил е на второто место во светот по бројот на жртви од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он