Џонсон пристигна во Брисел на завршни преговори за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва пристигна во Брисел на завршни разговори за Брегзит со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Џонсон на својот профил на Твитер објави дека „Велика Британија може да напредува како независна држава“ без оглед дали двете страни ќе постигнат трговски договор сличен на оној што Велика Британија го има со Австралија или Канада.

Пред да се упати кон Брисел од неговата резиденција на Даунинг стрит, Џонсон им порача на членовите на Долниот дом дека ќе биде постигнат „добар договор“ со ЕУ, но дека во моментот Европа инсистира на услови што ниту еден премиер не може да ги прифати.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека постои можност да се постигне договор, но предупреди и дека не очекува утре да дојде до расплет и постигнување взаемно прифатлив договор.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија