Град Скопје го прифати предлогот кањонот Матка да стане споменик на природата

Од:

Советот на Град Скопје на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на заштитениот локалитет на Кањонот Матка за споменик на природата. Одлуката ќе биде испратена до Министерството за животна средина и за просторно планирање кое треба да спроведе постапка за прогласување на Матка за споменик на природата.

Дел од советниците аплериа процедурата во МЖСПП да биде забрзана.

– Секој ден е значаен, знаеме дека со заштитата на Кањонот Матка ќе се скратат, ќе се оневозможат апетитите на многумина кои знаеме дека последниве години и на дело ја покажуваат својата совест, конкретно за дивите градби.
Иницијативата е супер, да бидеме солидарни и заеднички да се потрудиме што побрзо МЖСПП да ја донесе одлуката и да биде прогласен овој Кањон за национален парк, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања