Сто и десет војници и цивили од мировните сили на ОН загинале во минатата година при извршување мисии во светот, соопши Светската организација.
– Во изминатите 65 години ОН испраќа мировни сили во светот и за тој период загинале вкупно 3.100 нејзини мировници, наведе генералениот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Во изминатите години барањата за мировни мисии се се почести што бара ОН да презема нови акции вклучително и користење невооружени беспилотни авиони и распоредување сили за брза интевенција за да се соочи со новите закани и предизвици.
Во моментот во светот има над 20 мировни операции во 116 држави каде учествуваат 110.000 војници и полицајци, јави ДПА.