ВИДЕО: Шестмина осомничени за двата тона марихуана, истрагата продолжува

Од:

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за разбојништвото што се случи меѓу 3 и 4 декември кога беа одземени два тона марихуана.

Извршени се претреси во Арачиново и приведени се шестмина осомничени, а најден е дел од дрогата, соопшти МВР, од каде додаваат дека истрагата продолжува.

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот и денешниот ден (7 и 8 12.2020) по добиени оперативни сознанија, а во координација со јавното обвинителство, презема мерки и активности за расчистување на кривичното дело разбојништво извршено ноќта 3/4 12.2020 во склад на правно лице лоциран во с.Јосифово, општина Валандово, при што се одземени близу два тони марихуана, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони
Ангеловски.

„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот досега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија

Кумановка оставила бебе кај брачен пар од Арачиново, кога сакала да си го земе детето не и го давале

Две момчиња се осомничени за обид за убиство на познаник од Арачиново

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Изгоре „голф“ во Арачиново, нема повредени

ВИДЕО: МВР објави детали за акцијата во Арачиново, пронајден арсенал оружје

Катерина Ѓуровски