Се повеќе деца доаѓаат во градинките и нема потреба од нивно затворање во однос на пандемијата со Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница каде беше пуштена во употреба новоизградената градинка „Сонце“. Според неа, веќе неколку недели има тренд на зголемување на бројот на деца кои одат во градинка.
-Не се планирани затварања на градинките. Во последниот неделен извештај што го реферирав на кризен штаб како секој понеделник, имаме тенденција на пад на бројот на новозаразени вработени така и на деца. Ова е тренд која трета седмица тече значи имаме помалку одколку од претходната недела. Поголем е бројот е на деца кои се враќаат во градинките. За една седмица околу 500 деца се вратени од изолација во градинките. Бројот на деца во градинките е повеќе од 10 илјади, односно изнесува 10.150, а беше 9.500, истакна Јагода Шахпаска.
На новинарско прашање дали има допис од Министерството за промена на работно време со насоки за зголемување на работното време за вработените во градинките, Шахпаска со одговор дека такво нешто не е испратено.
-Нема зголемување на работното време и се е согласно закон и никој не дал насока да се крши тоа право. Министерството нема испратено никаков допис во кој што наведува или дава насоки за прекршување на правата на вработените во градинките. Апсолутно се работи според закон и колективен договор. Како министерка за труд и социјална политика одговорно тврдам дека не се работи за никакво кршење на работничките права вклучително и за вработените во градинките. Се работи согласно закон и согласно колективен договор. Нас основна цел во периодот кога целиот свет се соочува со пандемијата со Ковид-19 нас како држава ние да се грижиме за безбеден престој на најмладите во градинките, рече Шахпаска.
Таа потенцираше дека директорите на градинките го организираат работното време на своите вработени и сето тоа е согласно закон и колективен договор.