Истражување на италијански научници покажува дека изложеноста на пестициди е поврзана со поголем ризик за заболување од Паркинсонова болест.
Анализата на податоците собрани за потребите на 89 претходни студии е спроведена на миланскиот Институт „Clinici di Perfezionamento“.
Севкупната изложеност на пестициди била поврзана со 33 отсто до 80 отсто поголеми изгледи за заболување од Паркинсонова болест.
Вооченото зголемување на ризикот било најизразено кај лицата кои биле изложени на пестициди поради работа во земјоделството, објави стручното списание „Neurology“.
Паркинсоновата болест е прогресивна, дегенеративна состојба, општо окарактеризирана со тресење, забавеност на движењата (брадикинезија), вкочанетост, и абнормалности во држењето на телото.
Во својот најсериозен облик, поврзана е со дланоко физичко и ментално пореметување.