Лидерот Шкендија со три бода се враќа од гостувањето во Велес, откако попладнево го совлада Борец со 2:0, во премиерниот натпревар од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Бесарт Ибраими од пенал во 25 минута ја донесе Шкендија во водство, а печат на победата стави репрезентативецот Љупче Дориев во 84 минута.
Преостанатите натпревари од 15. коло во ПМФЛ се играат в недела во терминот од 13 часот: Вардар – Работнички, Струга Трим-Академија Пандев, Ренова – Силекс, Пелистер – Шкупи, Беласица-Македонија ЃП.
Табела: Шкендија 33, Шкупи 28, Македонија ЃП 26, Борец 22, Силекс 20, Струга Трим 20, Вардар 19, Работнички 17, Ренова 14, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Беласица 9.