Модуларната болница во Штип ќе биде готова на крајот на месецов

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип.

„Имајќи предвид дека Здравствениот дом во Штип е најголем здравствен дом и најголема единица за итна медицинска помош во регионот, притисокот и интензитетот на работа е навистина голем“, рече министерот Филипче по работниот состанок со директорките на Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип.

Освен модуларната болница, Штип до крајот на месецов ќе добие и ново возило за итна медицинска помош.

„Приоритет освен на Штип ставивме и на Струга, Струмица и Гевгелија. И со истата динамика како што тука се работи за поставување на подлогата се работи и во другите три градови“, рече Филипче.

Тој ги повика пациентите да примаат терапија само под контрола на лекар.

„Никој не треба да посегне, да бара лекови кои што не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Во светот уште има многу клинички студии кои испитуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен лек за оваа болест нема. Има широка лепеза на симптоми со кои оваа болест може да се манифестира“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија