Бесими: Фискалниот совет ќе обезбеди независни ставови и поголема контрола на јавните финансии

Од:

Поголема контрола и обезбедување независни, објективни и професионални ставови за буџетот и фискалната стратегија ќе овзможи Фискалниот совет кој е предвиден со новиот закон за буџети. На јавната расправа за овој закон, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека советот ќе го избира Собранието и дека ќе станува збор за независни експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија.

Бесими посочи дека во законското решение се предвидува за 3 члена од независното тело предлози да дадат од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е 6 години без право на реизбор.

Инаку со новиот закон за буџети, се предвидува и поставување на фискални правила, односно лимити на јавниот долг и на дефицитот и на тој начин, повторно зајакнување на контролата во јавните финансии.

Покрај зајакнување на контролата, новиот системски закон за буџети предвидува и зајакнување на планирањето преку воведување на среднорочно буџетирање и Интегрираниот систем за управување со јавните финансии ИФМИС, преку кој ќе следи извршувањето на приходите и расходите од нивно планирање до конечна реализација.

Во однос на транспарентноста, преку зголемување на квалитетот и квантитетот на финансиските извештаи ќе се зајакнува фискалната транспарентност. Со новиот закон за првпат се воспоставува Регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен и во него ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините. На тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти независно дали се на централно или на локално ниво.

Предлог-законот за буџети беше даден за коментари на ЕНЕР, а вчера се одржа јавна расправа на која покрај министерот за финансии учествуваа и претставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации,и на која беше дискутиран законот и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството