Годишен состанок на Регионалниот совет за соработка на ЈИЕ во Охрид

Од:

Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа утре во Охрид ќе се одржи Петтиот годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка (РСС).

Со состанокот ќе копретседаваат министерот за надворешни работи Никола Попоски како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ.

Се очекува на состанокот да бидат разменети мислења во врска со развојот на регионалната соработка и актуелните состојби во регионот на ЈИЕ, а воедно предвидена е и презентација и одобрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот од 15 мај 2012 до 25 април 2013. Во рамки на состанокот ќе биде презентирана и тригодишната Стратегија и Работна програма на РСС за периодот 2014 – 2016.

Најважните цели на Стратегијата, кои треба да се постигнат до 2020 година, вклучуваат пораст на вработеноста од 40 до 45 проценти, зголемување на меѓусебната трговија за 230 проценти и пораст на БДП во регионот од сегашните 38 отсто на 46 отсто од просекот на ЕУ.

Годишниот состанок е ко-организиран од ПСЈИЕ Претседателство и РСС секретаријатот. Се одржува паралелно со Самитот ПСЈИЕ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија