Кипар добива кредит од 100 милиони евра од ЕИБ

Од:

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе додели на Кипар кредит во вредност од 100 милиони евра, пренесува БТА.

Претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер утре пристигнува во посета на Никозија каде ќе се сретне со кипарскиот претседател и министерот за финансии, со кои ќе потпише договор за кредит во вредност од 100 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за реализирање на проекти кофинансирани од Европскиот Кохезионен фонд и структурните фондови на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска