МОН го зголеми бројот на стипендии за ученици со попречености и средношколци од електротехничките училишта

Од:

Министерството за образование и наука информира дека на последната владина седница е донесена одлука со која се прошируваат квотите за доделување на неколку категории на ученички стипендии кои беа понудени во конкурсот за доделување на стипендии за учебната 2020/2021 година.

– Првичната бројка од 400 стипендии за социјална поддршка на ученици се зголеми на 544. Целта е да се помогне на што повеќе ученици кои потекнуваат од семејства во социјален ризик. Зголемен е и бројот на стипендии кои ќе се доделат на учениците со попреченост, односно наместо да има рангирање, прифатени се апликациите на сите ученици кои ги исполнуваат конкурсните услови, информираат од МОН.

Резултатите од конкурсите за доделување на овие два типа на ученички стипендии се објавени на следниот линк. Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 11.12.2021 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Од таму појаснуват и дека поради искажаниот поголем интерес на првично објавениот конкурс, исто така и стипендиите за ученици кои реализираат наставни програми од електро-техничка струка се зголемија од 9 на 23. Ова е една од категориите на стипендии за поддршка на учениците од средните стручни училишта кои се воведоа за прв пат во учебната 2020/2021 година. За нивното доделување на www.mon.gov.mk e објавен нов конкурс, на кој ќе можат повторно да аплицираат сите оние кои аплицираа на првиот конкурс, но и учениците кои поради било каква причина не успеаја да поднесат апликација.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови