Објавен списокот на несакани ефекти што може да се појават по вакцинирањето со „Спутник 5“

Од:

Жителите на Москва кои веќе започнаа да се вакцинираат со првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот „Спутник 5“, добија упатства и потврда за извршената имунизација.

Деталното упатство содржи список на симптоми што можат да се појават по вакцинирањето, како и совети што да направите ако се појават несакани ефекти.

Во упатството се вели дека секое десетто лице вакцинирано со вакцината „Спутник 5“ може да се чувствува слабо или да има мачнини. Во повеќето случаи, вакцинацијата е добро толерирана. Ако се појави физичка слабост, нема причина да се грижите – тоа е нормална индивидуална реакција на организмот и еден од знаците на формирање на имунитет. Оние кои имаат слабост, општ замор и гадење по вакцинирањето, се препорачува да ја намалат физичката активност и да одморат повеќе.

Исто така, се посочува дека 5,7 проценти од вакцинираните може да доживеат болки во коските, треперења, главоболки или температура повисока од 37 степени.

Во случај телесната температура да е над 38 степени, препорачливо е да земате таблети за намалување на температурата и против болки, а доколку температурата е над 39 степени и не падне во рок од четири часа по земањето на лекот, потребно е да се јавите на лекар – се наведува во упатството.

4,7 проценти од вакцинираните чувствуваат болка, чешање, оток и црвенило на местото на вакцинација. По правило, не е потребно лекување, но може да се земе антиалергиски лек со цел да се намали отокот и чувството на непријатност.

Еден и пол отсто од вакцинираните пациенти може да имаат затнат нос, течење од носот или болки во грлото. Тие се советуваат да пијат многу течности и да користат спреј за нос.

Кај помалку од еден процент од пациентите, може да има забрзување на пулсот или зголемен притисок.

Рускиот претседател Владимир Путин побара од вицепремиерката Татјана Голикова следната недела да започне масовна вакцинација против вирусот корона.

Вакцината „Спутник 5“ произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Русија има уште една регистрирана вакцина „ЕпиВакКорона“ од центарот „Вектор“, а третата е во подготовка.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот