(ВИДЕО) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Да ја одбраниме Македонија од вирусот кој ги напаѓа националните интереси, а се вика Зоран Заев

Од:

Минстерството за надворешни работи треба да ги штити македонските национални интереси каде едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја токму така како што кажавте изгледа кичмата ја наведнаа, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на протестот пред МНР организиран од таа партија под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

– Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за да сфатиме сите што Зоран Заев преговара зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата влада е скриена , скриени се и не коментираат за овие прашања зошто е оставено се на Зоран Заев да распродава, рече Мисајловски во своето обраќање.

Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на протестот пред МНР побара оставка од Зоран Заев и масовно блокирање на улиците и институциите низ земјава.

– Порачуваме оставка за оваа ненародна власт, оставка за оваа патлиџан надворешна политика, оставка за сите предавства коишто се правеа и коишто се на ум да ги направат, нагласи Јорданов.

Протестот продолжи пред Владата, од каде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјановска Давкова порача дека граѓаните денес излегле на протест бидејќи на земјава, како што рече, и се заканува смртоносен вирус.

– Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев, рече Силјановска Давкова, додавајќи дека е срамота тоа што го говори владата и Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он