Колумбискиот голгетер на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао ги поминал успешно медицинските прегледи во Монако. Сега напаѓачот само треба да го финализира трансферот со повратникот во Лига 1 за 60 милиони евра.
27-годишната ѕвезда на “црвено-белите” ќе потпише договор за 5 години. За времето во Кнежевството, Колумбиецот ќе добива по 10 милиони евра годишно.
„Кнезовите” веќе ги обезбедија услугите на Жоао Мутињо и Џејмс Родригез од Порто за 70 милиони евра, а речиси сигурен е и голманот на Виктор Валдес од Барселона.