Во Србија со коронавирусот се заразени скоро 4.500 ученици и 126 деца во градинките

Од:

Српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ изјави дека 126 деца во предучилишни установи, 2.321 ученик во основни училишта и 2.151 средношколци се заразени со коронавирусот.

Во синоќешното гостување во емисијата „Прашалник“ на Радиотелевизија Србија (РТС), Ружиќ изјави дека 1.357 вработени биле заразени во предучилишни установи, 2.882 во основните училишта, а во средни училишта има 1.164 заразени работници.

– Нема причина да се крева паника и да се предизвикува психоза со приказни дека се заразени десетици илјади ученици и вработени, нагласи Ружиќ.

Говорејќи за преминот кон онлајн настава, тој рече дека транзицијата е „прилично добра“.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се потребни 10 до 15 дена постојана примена на пропишаните мерки за стабилизирање на епидемиолошката состојба.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ