Владата бара кризна состојба и во наредните шест месеци

Од:

Владата на денешната седница донела одлука да му предложи на Собранието да одобри продолжување на кризната состојба до крајот на јуни следната година.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година“ – инфромираат од прес службата на владата.

Првата кризна состојба беше прогласена на 20 ноември и трае до 19 декември, а доколку биде усвоено и ова барање кризната состојба ќе трае до почетокот од јули следното лето.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ