Меркел: Се бориме за почеток на преговорите со Северна Македонија, сè уште има шанси

Од:

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, објави Дојче Веле на македонски јазик.

Сепак, канцеларката рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на меѓувладината конференција и дека сè уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.

-Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија, рече Меркел. Албанија, како што кажа, направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

-Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро, рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ.

Меркел пред парламентарците рече дека му се посветува големо внимание на регионот на Западен Балкан, и дека таму „има тензии, но има и напредок“. Според неа, Берлинскиот процес се покажал како добра иницијатива која дава резултати.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Меркел негира дека може да биде претседател на Германија

А1он

Ангела Меркел се враќа во политиката