ВИДЕО: Мицкоски најави „блокада на Скопје“

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва најави дека неговата партија утре еден и пол час ќе организира блокади на улиците со собири пред Владата и пред Министерството за надворешни работи, во знак на протест против, како што рече, преговорите на премиерот Зоран Заев со Бугарија околу јазикот, идентитетот и историјата на својот народ.

Еве го целото обраќање на Мицкоски:

„Драги пријатели, почитувани сограѓани,

Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам на поддршката која што ни ја давате изминативе денови. Истата таа не мотивира да истраеме во нашата борба против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев.

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се
решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем.

Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата. Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација.

Затоа, ве повикувам масовно, без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност утре, во текот на утрешниот ден почнувајќи од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Гласно да зборуваме против овие погрешни политики на Владата на
СДСМ предводена од Зоран Заев.

Ја користам оваа прилика, истовремено, да се извинам на моите сограѓани скопјани за можеби сообраќајниот метеж кој што ќе се случува во текот на утрешниот ден. Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме затоа што ако денеска не успееме се плашам дека некои идни генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат.

А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна,“ рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски