Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во вештачка кома поради коронавирус

Од:

Локалниот политичар од централен Бразил, Магито Вилела, вчера бил избран за градоначалник на градот Гојанија, но тој се уште не го знае тоа, бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со Ковид-19.

Неговиот случај е само последен пример на обемот на пандемијата во Бразил, земјата која го има најголемиот број на смртни случаи во светот, по САД. Повеќе од 6,3 милиони Бразилци досега биле заразени и речиси 173.000 се умрени од Ковид-19, наведува бразилското Министерство за здравство.

Вилела, поранешен сенатор од центристичкото Демократско движење, на 20 октомври бил регистриран како позитивен на коронавирусот. Една недела подоцна, тој бил примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и од 30 октомври е интубиран.

На 8 ноември тој бил отстранет од респираторот, но веќе на 15 ноември бил вратен на машината, кога минал во вториот круг од локалните избори со конкурентот од Социјалдемократската партија, Вандерлан Кардос.

Вилела вчера беше избран за градоначалник на Гојанија, град со околу 1,5 милиони жители во централен Бразил, на 200 километри југозападно од бразилската престолнина. Тој на гласањето доби 52,6 проценти од гласовите.

Заменик-градоначалникот на градот, Рожерио Оливеира да Круз, вчера веднаш свика прес-конференција за да се моли за здравјето на градоначалникот.

-Сите планови на Магито ќе бидат спроведени во следните четири години, и тој ќе биде со нас, рече заменик градоначалникот, пренесен од порталот Г1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск