Федералната полиција на Етопија денеска ја почна операцијата на потрагата по лидерите на Народно ослободителниот фронт на Тигреј (ТПЛФ).
-Потрагата по лидерите почна откако етиопската војска претходно влезе во Мекеле, главниот град на регионот Тиграј, рече премиерот Абиј Ахмед.
Премиерот на оваа африканска земја додаде дека со влегувањето во Мекеле, упориштето на политичките и воените лидери на Тигреј, всушност почна третата фаза од тринеделниот конфликт, пренесе Би-Би-Си.
Лидерот на ТПЛФ, Дебрецион Гебрмајкл, пак, во изјава за Ројтерс порача дека нивната борба ќе продолжи.
Во досегашните судири меѓу државата и регионалната партија ТПЛФ убиени се стотици лица, а илјадници се раселениа, а се почна со нападот на армискиот команден штаб во Мекеле, пред речиси еден месец.
Премиерот Абиј бунтовниците ги нарече „криминални ѓубриња“ и вети дека полицијата ќе ги изведе пред лицето на правдата.
Би-Би-Си од свои извори од Мекеле потврди дека владините војници утринава влегле во градот и дека од него се слушаат спорадични пукотници, поради што цивилите бегале во предградијата.