(ВИДЕО) Николов: Штип продолжува да биде отворена општина што работи во интерес на граѓаните

Од:

„Дозволете ми пред се да се заблагодарам на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска што денеска е тука со нас во Штип, и што има можност отворено да разговара со нашите сограѓани.

Само зааедно вклучени во процесите ќе постигнеме добри резултати, како што е и програмата со која од Вас штипјани и штипјанки ја барам довербата.

Програмата “Во сигурни раце” нуди решенија за проблемите на граѓаните, за развој на градот, за еколошки чист град за што треба да придонесеме сите заедно.

Борбата против загадувањето останува наш приоритет и за таа цел ќе се воведе нов режим на собирање на смет за што во функција ќе се стават пет нови специјални возила за собирање смет.

Ќе се направи и селекција на отпадот, односно одвојување на пластика и стакло за што ќе се обезбедат контејнери на 30 нови локации во градот“, кажа д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

„Штип заслужува да биде во сигурни раце со одговорна општина која ќе направи се за да придонесе за чист воздух.

Покрај постоечките, ќе се постават дополнителни мерни станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздух.

Ќе се формира нова паркова површина во населба Сењак 3, ќе се изврши хортикултурно уредување на кеј на река Отиња на делница од градска црква до мост Ново село како и на паркови површини во с. Чардаклија и с.Караорман.

Изработка на проектна документација за мапирање и изведба на висински рекреативни патеки за пешаци и велосипедисти, како и за рекреативна пешачка патека за поврзување на населба Караорман и населба Баби.

Се обврзувам во мојот мандат, Штип да продолжи да биде отворена, услужна општина, општина на еднакви граѓани, општина со родова рамноправност.

Штип заслужува и Штип може! И знам дека со вашата доверба и натаму ќе остане во сигурни раце!“, изјави д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа