Светскиот ден на мировните мисии на ОН ќе биде одбележан утре со повеќе манифестации во седиштето на светската организација на Ист ривер во Њујорк и нејзините канцеларии ширум светот.
Одбележувањето на овој ден е воспоставено пред 11 години, во знак на чест на војниците кои служеле во мировните мисии на ОН, а како ден е избран 29 мај кога првата мисија била упатена во Палестина.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун порача дека мировните мисии на ОН ја прилагодиле својата политика за да подобро се носат со новите предизвици и закани и што подобро да го исполнат својот мандат, со цел создавање одржлив мир во земјите зафатени до војни.
Во овој момент над 80.000 војници, 12.500 полицајци и 17.000 цивилен персонал служат во 15 мировни мисии на ОН на четири континенти.