Голгетерот на Атлетико Мадрид Радамел Флакао и голманот на Барселона Виктор Валдес се во Монте Карло на лекарски прегледи пред потпишувањето договори со повратникот во првата француска лига Монако.
Шпанските медиуми објавуваат дека сопственикот на Монако, рускиот милијардер Дмитри Риболовљев на Атлетико веќе му ја исплатил отштетата од 60 милиони евра за Фалкао. Валдес го чини многу помалку, 10 милиони евра, бидејќи следната година му истекува договорот со Барселона.
Фалкао и Валдес, според замислите на Риболовљев, треба да бидат дел од дрим-тимот на Монако на кој пред неколку дена му се приклучија досегашните играчи на Порто, Мутињо и Родригес. За нив на протугалскиот клуб му беа исплатени 70 милиони евра.
Риболовљев најави дека планира да потроши 200 милиони евра за создавање тим што наредината година би обезбедил настап на Монако во Лигата на шампионите.