(ВИДЕО) Николовски: Сашко Николов е човек со кој Штип може да чекори напред

Од:

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип, Сашко Николов е познат целиот регион и човек со кој во сигурни раце Штип може да продолжи да чекори напред, да се модернизира, европеизира и да продолжи развојот на општина Штип, порача на денешната прес-конференција, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој заедно со кандидатот за градоначалник ќе посетат неколку населби низ Штип. Забележа дека како партија се горди што оставиле силен аспект на Штип во изминативе неколку години и како централна власт, но и се горди и на политиките на општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски.

-Се изработија и реализираа 12 километри водоводна и канализациона мрежа. Се асфалтираа и реконструираа над 50 улици во Штип, но се изгради и детска градинка после неколку децении. Бевме сведоци на отворање на големиот мост пред неколку месеци во Штип и во постапка се неколку крупни проекти коишто се значајни за општина Штип со поддршка на централната власт, меѓу нив е еден од најзначајните проекти за којшто штипјани се сведоци дека се зборува со децении. Денес на овој ден сме сведоци на финализирање на тендерската постапката за инвестицијата на браната на реката Отиња која ќе биде финансирана од Владата и од министерството кое што го предводи досегашниот градоначалник Благој Бочварски, вели Николовски.

Забележа дека му било чест што како министер за земјоделство дал силен акцент да се заврши целокупната организација и постапка и преку ова министерство да се финализира и финансира целокупната неопходна документација.

-Има и многу други крупни проекти за коишто во следните неколку денови ќе зборуваме тука во Штип и ќе го промовираме кандидатот, Сашко Николов како и неговата програма за следниот период во сигурни раце. Продолжување на изградба на многу улици, на затворениот базен, да го заокружиме Градскиот Стадион. Се работи за програма во која се предвидени неколку крстосници, програма која овозможува продолжување на развојот на општина Штип, вели Николовски.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов истакна дека почнатите капитални проекти за Штип ќе бидат завршени.

-Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани. Почитувањето на мерките е исклучително важно за да се добие битката против Ковид 19 и токму затоа, како општина ќе се погрижиме на секој еден штипјанец да му биде достапна бесплатна заштитна маска. Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори, рече Николов.

Тој истакна дека дел од Програмата на СДСМ е и реализацијата на проектот 100 типски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства.

-Ова значи нов топол дом за нашите граѓани, на кои им се решава животно прашање – стекнување на свој дом. Во време на светска пандемија која остава и здравствени и економски последици, наша одговорност е да направиме се` во наша моќ, да ги поддржиме сите нашите граѓани, вели Николов.

Самохраните родители и натаму нема да имаат обврска да плаќаат за престој на нивните деца во градинка, а во соработката со здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ