Офанзива на етиопските владини сили за заземање на градот Мекеле

Од:

Етиописките владини сили почнаа офанзива врз градот Мекеле, во северниот регион Тиграј, што е под контрола на бунтовниците, по ултиматумот што заврши во средата, изјави лидерот на Националниот ослободителен фронт Тигри (ТПЛФ), Дебрецион Гебрмајкл.

Гебрмајкл во порака до британските медиуми напиша дека во моментов градот е подложен на жестоко бомбардирање.

Портпаролот на премиерот, Билен Сејум, изјави дека етиопските сили нема да бомбардираат цивилни области, додавајќи дека безбедноста на Етиопјаните во Мекеле и Тигар е приоритет за федералната влада.

Владата во Адис Абеба минатата недела на ТПЛФ му постави ултиматум да го положи оружјето или ќе се соочи со напад врз Мекеле, град со 500.000 жители, предизвикувајќи стравувања од поголеми цивилни жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он