Рохани го посочи прстот кон САД и Израел за убиството на истакнатиот ирански научник

Од:

Главните ирански непријатели, САД и Израел, стојат зад фаталниот напад врз нуклеарниот физичар Мохсен Фахризадех, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, јави ДПА.

Рохани го обвини Израел дека дејствувал како „американски платеник“ и дека убил висок научник во иранската нуклеарна програма.

„Уште еднаш, немилосрдните раце на ароганцијата на светот со ционистичкиот режим како платеник се обоени со крвта на син на оваа нација“, напиша Рохани во изјавата на својата официјална страница, осврнувајќи се на вчерашното убиство на научникот Мохсен Фахризадех во близина на Техеран.

Иран терминот „светска ароганција“ го користи за да ги означи САД, додава ДПА.

Според иранското Министерство за одбрана, 52-годишниот Мохсен Фахризаде бил повреден во напад со автомобил-бомба врз возилото со кое патувал, а врз него било и дополнително пукано од неколкумина напаѓачите, кои биле убиени од неговите телохранители.

Министерството за одбрана соопшти дека научникот бил раководител на одделот за истражување и иновации.

Рохани вети дека смртта на научникот нема да го наруши научниот напредок на Иран и додаде дека убиството е последица на „слабоста и неможноста на непријателите на Техеран да го спречат неговиот развој“.

Рохани изрази сочувство до „научната заедница и револуционерниот народ на Иран“.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски