Нови највисоки корона-бројки во Србија, 57 лица починале во изминатиот ден

Од:

Во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај нови 7.880 пациенти, што е најмногу досега во еден ден, а починале 57 лица – уште еден црн рекорд во земјата.

Според официјалните податоци, тестирани се 22.404 лица, а 34,73 отсто од тестовите биле позитивни.

245 пациенти во Србија се приклучени на респиратор.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи ја состојбата со епидемијата во земјата, рече дека Србија се приближува до „катастрофално сценарио“, во кое здравствениот систем ќе колабира под големиот број пациенти заразени со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија