Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по победата над Лудогорец во Лигата на Европа (4:0), истакна дека главната работа е резултатот.
Спарс по четири кола освоија девет бода, но го немаат обезбедено пласманот во плејофот.
– Беше важно да победиме. Обично требаше да освоите девет бода за да стигнете до плејофот, но сега сè е поинаку. Ни требаше резултат, и тоа беше важно денес. Младите играчи имаат добри шанси да испишат историја. Резултатот 4:0 и трите бода се добри, истакна Мурињо.
Тотенхем е на 2. место во Ј-групата од Лигата на Европа со ист број бодови (девет) колку што има и лидерот Антверпен. ЛАСК е трет со шест, Лудогорец е последен без освоен бод.