Поради проблеми во мрежата и компјутерскиот систем во поголемиот дел основни и средни училишта во Тетово, електронското тестирање започна делумно и нецелосно се реализира.
И покрај тоа што дошле подготвени и на време, учениците за тестирање чекале по неколку часа.
Од училиштата информираат дека целосно биле подготвени за тестирањето, меѓутоа веднаш наишле на технички проблеми со мрежата.