Деветгодишната Хана Робертсон му одржа лекциија на директорот на „Мекдоналдс“ Дон Томпсон.
– Убаво би било да престанете да ги привлекуваат децата цело време да ја јадат вашата храна, изјави Хана на средбата со Робертсон.
Таа во седиштетое на „Мекдоналдс“ пристигнала со својата мајка и ја прочитала напишаната изјава:
– Господине Томпсон дали не сакате децата да бидат здрави и да можат да живеат долг и среќен живот?, запрашала Хана.
Директорот одговорил дека и неговите деца јадат во „Мекдоналдс“.
– Покрај тоа немаме маркетинг кој неправедно е насочен кон децата. Продаваме многу овошје и зеленчук и се обидуваме да продаваме уште повеќе, навел Томпсон.
Мајката на Ханам, Киа има блог за здрава исхрана, а во седиштето на „Мекдоналдс“ присуствуваше на конференција со другите членови на Меѓународното здружение за корпоративна одговорност, кое се обидува да го запре „предаторскиот маркетинг на компаниите насочен кон децата“.