Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Од:

Германскиот научник Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус, кој би бил своевиден хибрид на новиот коронавирус и вирусот МЕРС, којшто бил можел да предизвика нова пандемија.

Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите“ вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот“ за следната пандемија.

Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот од науката добил доволно внимание и дека за него се се прави и презема.

Затоа, објаснува тој, има намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус.

Инаку, вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација го класифицираше меѓу „приоритетните болести“, на кои им се посветува големо внимание.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска