Кон: Ситуацијата во Србија е критична, мерките во секој случај беа задоцнети

Од:

Членот на српскиот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, денеска изјави дека ситуацијата со коронавирусот е критична, „дури и на некои места катастрофална“ поради проблемите со сместувањето на пациентите. Тој смета дека „секако се задоцнило“ со заштитните мерки.

Кон рече дека од 6 ноември медицинскиот дел на Кризниот штаб предлагал повеќе рестриктивни мерки, но оти од друга страна постои сериозен аргумент во врска со економскиот аспект на рестрикциите.

– Катастрофално значи дека практично немате каде да ги сместите луѓето во оваа ситуација … Исто така, катастрофално е што бројот на мртви и регистрирани пациенти постојано се зголемува, изјави Кон за Н1.

Тој наведе дека Белград „малку се издвојува“ и оти е рано да се зборува за сигурно израмнување, но дека „се случило некакво израмнување“.

На прашањето кога ќе се видат последиците од непочитување на епидемиолошките мерки за време на погребот на српскиот патријарх, Кон рече „за околу седум дена“.

На прашањето дали се задоцнило со мерките, тој рече дека тврди дека „секако се задоцнило“.

– Јасно е дека ситуацијата сепак не беше сфатена доволно. Приказната за контролирање на донесените мерки почна во јули. Прво беше дека тие ќе бидат спроведени, па беше кажано дека се неспроведливи, па законот мораше да се менува…“, рече Кон.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија