Патриот е оној што сега седи дома, вели албанската министерка за здравство

Од:

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, упати апел за строго почитување на мерките и препораките за заштита посочувајќи дека во овие услови, „патриот е оној кој ќе остане дома“.

Апелот на министерката доаѓа пред престојните празнувања, како што се Денот на независноста на Албанија и Денот на ослободувањето во Втората светска војна.

-Ние многу добро ја разбираме желбата за славење, особено ноемвриските празници. Но, годинава, овие празници не наоѓаат пред здравствен предизвик што се случува еднаш во еден век. Патриот денес е оној кој останува дома, за да го заштити сопственото и здравјето на семејството, роднините, пријателите. Ќе дојде време кога, меѓу нашите најголеми победи, ќе биде и победата што заедно ќе ја оствариме во битката за здравјето,рече Манастирлиу.

Во меѓувреме Министертвото информираше дека во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 644 лица но оти и бројот на направените тестови е помал споредно со претходните денови. Сепак процентот речиси е идентичен или 30 отсто од тестираните.

Во последните 24 часа починати се осум лица од 48 до 73-годишна возраст, оздравени се 365 пациенти, а во трите ковид-болници се третира 461 пациент, што е највисока бројка на хоспитализирани досега.

Според Министерството, досега се направени вкупно 179.842 тестови, позитивен резултат е добиен кај 34.944, оздравеле 17.031, активни на болеста се 17.710, додека починале 743 лица.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски